Жабени не е погодна за индустриска зона?
Десет години по отворањето на индустриската зона Жабени во Битола, повторно е актуелно прашањето дали оваа локација беше соодветна. За секоја инвестиција во индустриската зона треба да се тампонира земјиштето, што значи дополнителни трошоци за инвеститорите. Поради тоа дел од зоната ќе и биде дадена на државата за трошоците околу подобрувањето на носивоста да бидат на нејзин товар.