Институт за јавно здравје- зголемен бројот на заразени со Ковид19 за 22,2 отсто
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 08 до 14 март 2021 направени се вкупно 22.625 тестови за коронавирус, а регистрирани сe 5.456 нови позитивни случаи од 34 градови во државата што е зголемување од 22,2% во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје. Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 19,4 до 27,4%, или во просек 23,9%, идентично како минатата недела.
Граѓаните се групираат и надвор од полицискиот час
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група над 60 години, а голем број на заболени се регистрира кај сите возрасни групи. Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 и 10-19 години.
По добиени 2 негативни теста или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 2.737 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 29,7% во споредба со минатата недела.
Пријавени се 129 смртни случаи од 21 град, 2,3 пати повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 110 лицa биле над 60 години, 17 лица на возраст од 50-59 години и две лица од возрасната група 40-49 години.