Претседателката на ЕК подготвена да прими вакцина од АстраЗенека
Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен „апсолутно“ ќе ја прими вакцината од „АстраЗенека“. Ова го потврди нејзиниот портпарол Ерик Мамер. Тој тоа го изјави како одговор на прашање на новинарите поради кризата околу вакцината од овој производител, чија употреба беше суспендирана од околу 11 земји-членки на Европската унија (ЕУ) и престанаа да ја користат оваа вакцина откако податоците покажаа дека кај некои пациенти имале тромбоза, а кај некои починале.
Експерти на СЗО на состанок поради вакцината на АстраЗенека
Европската агенција за лекови (ЕМА) постојано посочуваше дека последиците не се директно поврзани со вакцината. По денешниот состанок, директорот на ЕМА се очекува да им се обрати на новинарите.
Светската здравствена организација (СЗО) исто така ги повика земјите да не престанат со имунизација со вакцината АстраЗенека откако тоа го сторија неколку земји од Европската унија. Во соопштението се вели дека нема докази за поврзаност помеѓу вакцината и згрутчување на крвта.