ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација за Филипче
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе поднесе до Собранието предлог за интерпелација на министерот за здравство Венко Филипче, бидејќи, како што наведуваат во денешното партиско соопштение, „Филипче е главниот виновник за корона кризата во нашата земја, за немањето на вакцини за граѓаните и, меѓудругото, и за случајот со пациентката во Дебар“.
„3340 починати од Ковид или најголема човечка катастрофа по Втората светска војна во земјава, 3340 причини Венко Филипче да си поднесе оставка. Нема македонско семејство каде нечиј близок роднина или пријател не почина. Овие животи можеа да бидат спасени ако системот функционираше. Пациентка од Струга почина затоа што никој не и пружи помош, пациент од Штип почина затоа што немало боци со кислород, во Македонија се умира поради операција на колено и од сепса на рана, а на пациентка од Дебар и се извадени здрави внатрешни органи и никој не одговора за сето ова. Наместо министер за здравје Филипче, стана министер за смрт“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче за кинеските вакцини: Нема провизии и нерегуларности
Според истото соопштение, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе поднесе предлог за интерпелација на Филипче, и затоа што, како што пишуваат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, „нему поважни му се провизиите за вакцини, од животот на граѓаните“.