Во Шпанија одржан концерт за ковид негативни
Пет илјади луѓе вчеравечер присуствуваа на рок-концерт во Барселона, откако истиот ден беа тестирани на Ковид-19.
Настанот беше организиран за да се провери дали ваквите концерти, со почитување на строги мерки, можат да бидат безбедни и покрај пандемијата на коронавирусот.
Концертот организиран од шпанската група „Love of Lesbian“, имаше дозвола за одржување од шпанските здравствени власти со задолжително носење на заштитни маски, објави АП.
Луѓето кои сакаа да присуствуваат на концертот беа тестирани неколку часа пред настанот.
На концертот можеа да влезат само регистрирани лица на возраст меѓу 18 и 65 години, со смарт телефони кои ги содржат резултатите од тестирањето на Ковид-19. Членовите на публиката исто така мораа да се согласат да ги споделат своите податоци со Министерството за здравство.
Концертот се одржа во салата Палау де Сант Жорди, која вообичаено прима до 24.000 посетители.
Сличен концерт со 5.000 луѓе се одржа во Мадрид во декември.
Според Универзитетот Џон Хопкинс, Шпанија досега регистрираше повеќе од три милиони заразени од почетокот на пандемијата, а додека 75 илјади луѓе починаа од Ковид-19.