Филипче: Во среда почнува вакцинација, прва доза за 20.000 граѓани
Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска информираше дека од среда ќе почне вакцинацијата на граѓаните над 75 години со вакцините на Астра зенека кои вчера пристигнаа во Македонија преку КОВАКС махеназмот.
„Масовната имунизација ќе почне во спортскиот центар Борис Трајковски. Од денес започнуваат подготовките и во текот на неделава ќе бидат спремни. Пријавени се 20.000 граѓани кои сега ќе ја примат првата доза, секако по консултација со матичните лекари. Втората доза од Астра зенека ќе ја примат за 3 месеци и за ревакцинацијата ќе има обезбедено вакцини“, изјави Филипче.
Министерот најави дека до крајот на месецот треба да пристигнат вакцини од повеќе производители, како и дека, како што рече, „'Фајзер' конечно го потврдил договор за вакцините и се откажал од компензацијата“.
Филипче вчера при рпиемот на вакцините од АстраЗенека рече дека има добри вести и од Европската Унија и дека во месец април треба да пристагнат и други вакцини од Кина. Додаде дека од тоа што „до сега го знаат“, во април, и преку КОВАКС системот, треба да пристигнат дополнителни 76.000 дози од производителот АстраЗенека.
Министерот денеска рече дека тој ќе чека да се обезбедат повеќе вакцини за граѓаните, па дури тогаш тој ќе се вакцинирал - со АстраЗенека.
„Ве уверувам дека апсолутно нема никакви контраиндикации кај било кој граѓанин. Јас нема да се вакцинирам сега и ќе почекам да биде набавена поголема доза. Но, кога ќе дојдам на ред ќе се вакцинирам со АстраЗенека за да покажам дека вакцините се безбедни“, рече денеска Филипче.