Власта со нови закони ја продолжува легализацијата на дивоградбите?
Власта во изминатиот период беше под критики од јавноста за прашањето на легализацијата на дивоградби, особено за оние во Охридскиот регион за што реагираше и УНЕСКО во неколку свои извештаи. Но, тоа не ја поколеба Владата да предложи нови законои кои, според активистите, ќе овозможат зголемен број на легализирани дивоградби.