Собранието ќе го одложува пописот, попишувачите не излегоа на терен
Собранието попладнево ја почна процедурата за одложување на пописот. Во меѓувреме на сила е законот со кој пописот започна денеска, но на терен нема активности за попишување. Власта се надева на брзо носење на измените, оти се со европско знаменце, но сепак постојат процедури во Собранието.