Изречени 516 санкции за неносење маска
МВР соопшти дека во текот на изминатото деноноќие, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 516 прекршоци.
Од 22.00 часот синоќа до 05.00 часот изутринава пак констатирано е дека 31 лице не ја почитувало забраната за движење.
Министерството за внатрешни работи ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесат за спречување на ширењето на Ковид 19.