Војската потврди дека принцот на Јордан е дел од безбедносни истраги
На полубратот на јорданскиот крал Абдулаи принцот Хамза бин Хусеин му беше кажано да запрат дејствијата што можат да наштетат на „безбедноста и стабилноста“ во земјата, објави армијата.
Војската наведе дека овој потег е дел од тековната безбедносна истрага во која беа приведени поранешен министер, член на кралското семејство и други неименувани. Шефот на армијата Јусеф Хунеити изјави дека на принцот Хамза бин Хусеин му било речено „да ги запре активностите што се искористуваат против безбедноста и стабилноста на Јордан“.
Тој не прецизираше кои се овие активности, но ги негираше извештаите дека принцот Хамза бил уапсен.
Официјалната новинска агенција Петра претходно објави дека двајца високи функционери кои порано работеле за палатата биле меѓу групата уапсени од „безбедносни причини“.
41-годишниот Хамза беше принц престолонаследник на Јордан сè додека Абдула не го отстрани во 2004 година.
Во видеоснимката што ја објави Би-Би-Си, принцот Хамза рече дека е ставен во домашен притвор и оти воениот началник му рекол дека не смее да излегува, да комуницира или да се среќава со никого. Портпарол на американскиот Стејт департмент изјави дека Вашингтон внимателно ги следи извештаите од Јордан, клучен сојузник на САД во војната против групата Исламска држава.