Папата повика луѓето да не губат надеж за време на пандемијата
Папата Франциск денеска ја предводи Велигденската миса пред мала група верници во базиликата Свети Петар, на која тој ќе го испорача својот традиционален благослов „На градот и светот“.
Велигденската миса вообичаено се слави пред десетици илјади луѓе на плоштадот Свети Петар во Ватикан, но оваа година на службата на Франциск, кој ќе го испорача традиционалниот благослов „Урби ет Орби“, ќе присуствуваат само стотици луѓе.
Присуството на одбележувањето е ограничена за да спречи голема толпа да се собере на плоштадот како мерка на претпазливост против ширењето на коронавирусот.
Ова е втор по ред Велигден, по грегоријанскиот календар, на кој на службата на Папата присуствуваат само неколку стотици луѓе, наместо неколку илјади.
Папата ги повика политичарите и компаниите: Мора да има вакцини за сите
На велигденското бдение вчера, папата Франциско им се обрати на околу 200 луѓе кои имаа маски и држеа дистанца од олтарот на базиликата, изразувајќи надеж дека ќе завршат мрачните времиња на пандемијата и дека луѓето ќе можат повторно да ја откријат „благодатта на секојдневниот живот“.