Времето денеска: Облачно и студено со врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на планините и на некои повисоки места во северните делови ќе бидат од снег. Најобилни врнежи се очекуваат во западните делови (локално над 20 л/м2). Ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието, а дневната температура значително ќе се намали и ќе биде во интервал само од 5 до 13 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне околу 6 степени.