Нови 67 случаи на Ковид19, 31 починат
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1169 тестирања, а регистрирани се 67 нови случаи на Ковид 19.
Од нив во Скопје – 28, Куманово осум, Гостивар и Охрид по четири новозаразени, Прилеп, Тетово, Битола, Кавадарци и Штип по тројца, Струга, Кичево и Ресен по двајца и Свети Николе и Кратово по еден новозаразен.
Пријавено се вкупно 31 починат, меѓу кои и четворица на возраст од 42 до 45 години. Од починатите, 28 се во болнички, а тројца во домашни услови.
За истиот период регистрирани се 782 оздравени пациенти.
Со ова вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.814, бројката на оздравени пациенти е 134.653, на починати е 4.992, а бројот на активни случаи изнесува 13.169.