Бројката на жртви од несреќата во Мексико се искачи на 23 лица
Најмалку 23 лица загинаа, а 65 се хоспитализирани кога се урна мост на една метро линија во Мексико Сити додека минуваше воз. Властите ги запреа напорите за спасување кратко време откако започнаа.
„За жал има деца меѓу загинатите“, им рече на новинарите градоначалничката на Мексико, Клаудија Шинбаум.
Во меѓувреме се истражува причината за несреќата која се случи на метро линијата 12, чија изградба беше опфатена со жалби и обвинувања за неправилности. Шинбаум рече дека спасувањето е суспендирано бидејќи структурата е многу слаба. Според неа, кран работел на стабилизирање на вагоните за спасувачите да продолжат со потрагата по преживеани.
Несреќа на метро линија во Мексико, најмалку 15 загинати
„Едно лице кое беше заробено во својот автомобил под остатоците беше спасено и пренесено во болница. Седум од луѓето пренесени во болница се во „тешка состојба“ и беа подложени на операција“, рече Шинбаум.
Линијата 12 што поминува над срушениот надвозник е изградена пред скоро една деценија кога актуелниот министер за надворешни работи Марсело Ебрард беше градоначалник на Мексико Сити.
"Она што се случи денес е страшна трагедија. Мојата солидарност е со жртвите и нивните семејства. Секако, мора да се испитаат причините и да се дефинираат одговорностите", напиша Ебрард на Твитер.