Во Гази Баба ќе се преработува опасен отпад?
Во општина Гази Баба во план е изградба на објекти за третман на отпад. Според активистите се работи за цинкова прашина која спаѓа во категоријата на опасен отпад и не се знае начинот на негова преработка. Градоначалникот негира дека здравјето на граѓаните ќе биде доведено во оапсност.