УНМИК- За измена на Мисијата на Косово одлучува Советот за безбедност на ОН
![УНМИК- За измена на Мисијата на Косово одлучува Советот за безбедност на ОН](https://gdb.rferl.org/555F3629-2EC5-418F-97F9-A03079ED4D68_w800_h450.jpg)
За измена и дополна на мандатот на Привремената цивилна администрација на Мисијата на ОН на Косово (УНМИК), потребна е одлука на Советот за бебедност на ОН, соопшти денеска портпаролката на Мисијата, Санам Долатшахи. Таа денеска ја коментираше изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој вечера рече дека има дојави оти една голема сила ќе побара повлекување на Мисијата УНМИК и на КФОР од Косово. Таа за РСЕ наведува дека за секое прилагодување на Мисијата е потребно одлука на Советот за безбедност.
Вучиќ вчера рече дека повлекувањето на УНМИК и КФОР би значело „апсолутна катастрофа“ за Србија.
Вучиќ - Една голема сила ќе побара повлекување на КФОР и УНМИК од Косово
Владата на Косово не ја коментираше изјавата на Вучиќ.
Мисијата на ОН на Косово е воспоставена во јуни 1999 година, а силите на КФОР на Косово се распоредени истиот месец.