Во ковид центрите хоспитализирани 586 лица ковид пациенти
![Во ковид центрите хоспитализирани 586 лица ковид пациенти](https://gdb.rferl.org/4ea1e488-ac2d-4338-bc27-39b564494237_w800_h450.jpg)
Во македонските ковид центрите се лекуваат вкупно 344 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, со тоа вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 586 и има околу 860 празни болнички кревети во ковид центрите.
„Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла“ се вели во писменото соопштение од Министерството за здравство.
Вчера се вакцинирале над 14.500 граѓани
До денеска се вакцинирани околу 150 илјади граѓани од кои околу 30 илјади се ревакцинирани. Утре пристигнуваат уште 100 илјади вакцини од кинеската „Синофарм“.
Македонскиот офицер нема јужноафрикански сој на вирусот, туку нигерски