Нови 13 починати и 53 заразени со ковид-19
Во изминативе 24 часа во земјава се евидентирани нови 53 случаи на заразени со ковид-19 и 13 починати лица од компликации настанати поради коронавирусот. Од пријавените, 4 лица се починати во домашни, а останатите 9 во болнички услови.
Институт за јавно здравје информира дека 53 позитивни тестови на ковид-19 се добиени од вкупно 2691 направени тестови. Од министерство за здравство соопштија дека во изминатото деноноќие се евидентирани и 111 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.169, бројката на оздравени пациенти е 147.301, на починати е 5.369, а бројот на активни случаи изнесува 2.499.