Руската медиумска шефица критикувана поради воодушевувањето од Лукашенко
Светската медиумска организација „Репортери без граници“ денеска ја критикуваше главната уредничка на неколку руски медиуми контролирани од државата, Маргарита Симонијан за јавните коментари за отворена поддршка за белоруската акција против независните медиуми во Белорусија.
Белоруските власти во мај принудија лет на Рајанер да слета во Минск, повикувајќи се на дојава за поставена бомба, со цел приведување на новинарот и опозициски активист Раман Пратесевич. Таквиот инцидент предизвика меѓународен гнев и дополнителни санкции од САД против Белорусија.
Белорусија пренасочи патнички авион за да уапси новинар, ЕУ бара објаснување
Симонијан за тој настан изрази воодушевување од белоруската влада и му честиташе на авторитарниот лидер Александар Лукашенко за потегот.
„Никогаш не помислував дека ќе и завидувам на Белорусија на кој било начин. Но, сега некако завидувам. Лукашенко постапи прекрасно“ напишаа таа на својот официјален профил на Твитер.
Симонијан, која „Репортери без граници“ ја опишаа како „столб на руската пропаганда“ беше раководно лице во државната телевизија РТ од 2005 година, и ја водеше медиумската државна групација која ја контролира мрежата Спутник.
По спорните претседателски избори во август минатата година, во Белорусија се одржуваат масовни опозициски протести.