Шекеринска: Декретот значи дека интересот на САД кон ЗБ не е изгубен
Декретот на американскиот претседател Џо Бајден покажува дека интересот на САД, еден од нашите најблиски сојузници, кон и за Западниот Балкан не е изгубен, туку напротив се зајакнува, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање, по воената свеченост на воздухопловниот ВИНГ со која се одбележува Денот на единицата.
Според Шекеринска, Декретот испраќа две пораки – дека договорите кои обезбедија решение на проблемите на Балканот се влог во безбедноста на Балканот и дека од сите земји во поширокиот регион очекуваат силна борба против корупцијата.
Стејт департмент: Санкциите за Западен Балкан овозможуваат одговор на заканите
„Сите нив, меѓу кои и Преспанскиот договор, САД ги доживуваат, ги толкуваат и ги сметаат за гаранција за безбедноста и стабилноста на овој регион. Втората порака е дека не е доволно само да ги решавате политичките проблеми, туку дека од сите земји во поширокиот регион очекуваат силна борба против корупцијата. Мислам дека и двете пораки кои ги испраќаат САД се добредојдени за сите нас кои што посакуваме да живееме во подобар регион, кој што не е само дел од евро-атлантското семејство и НАТО, туку е дел од една евро-атлантска култура на владеење на право, на демократски вредности, слободни медиуми, кои носат просперитет“, изјави Шекеринска.
Проблеми со Декретот, нагласи таа, може да имаат само оние кои се труделе или се трудат да ја дестабилизираат државата.