Украинската влада во националниот фудбалски дрес на седница
Министрите од Владата во Украина денеска одржа седница на која дојдоа облечени во националните фудбалски дресови со цел прослава на успехот на украинската репрезентација да се квалификува во четвртфиналето на Европскиот фудбалско првенство.
Украинската фудбалска репрезентација вчера издвои победа врз Шведска со 2 спрема 1 по продолженијата и прва се пласираше на четвртфиналето. Украинскиот премиер Денис Шмухал ја водеше седницата облечен во дресот со број 7 кој на натпреварите го носи капитенот на тимот Андриј Јармоленко.
Другите министри на состанокот носеле дресови во национални бои жолта и сина боја. Украинската фудбалска репрезентација следниот натпревар го игра во Рим во сабота против Англија.