Во Скопје уапсен криминалец од Бугарија осуден на 14 години затвор
МВР денеска соопшти дека македонската полиција уапсила криминалец од Бугарија баран со меѓународна потерница, за кривично дело силување и противправно лишување од слобода.
„На 29.06.2021 во 12:00 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка и СВР Скопје го привеле П.И.М. (63) од Р. Бугарија, кој се барал со меѓународна потерница од Интерпол Софија. П.И.М. е осуден на казна затвор во траење од 14 години за кривично дело силување и противправно лишување од слобода и се наоѓа на листата на најбарани криминалци на Интерпол“, се вели во соопштението од МВР.
Од страна на судија на претходна постапка му е одреден екстрадициски притвор во траење од 30 дена и уапсениот е спроведен во КПУ Затвор Скопје.