Одбиена жалбата на судијката Софија Лаличиќ на одлуката за нејзино разрешување
Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд ја одби жалбата на судијата на Основен кривичен суд Скопје, Софија Лаличиќ на одлуката за нејзино разрешување од вршење на судиска функција, информира Врховниот суд.
Бомба на СДСМ: Местење подобни судии и обвинители
Судскиот совет на Македонија во март донесе одлука за разрешување на Лаличиќ од судијка.
Таа поднесе жалба на одлуката, но Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд ја одби жалбата како неоснована и ја потврди одлуката на Судскиот совет.
Судијката Лаличиќ беше дел од „бомбите“ што ги објавуваше лидерот на СДСМ Зоран Заев во 2015 година. На еден од нелегално прислушуваните разговори што ги објави Заев се слуша разговор на Лаличиќ со тогашниот директор на УБК Сашо Мијалков во кој тој ѝ кажува дека ќе биде избрана за судијка.