Вучиќ со лотарија ќе стимулира вакцинација во Србија
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека бројката на вакцинирани не е доволна и дека ситуацијата со новозаболени за месец и половина ќе биде загрижувачка, особено со почетокот на сезоната на фудбалски и кошаркарски натпревари. Тој притоа најави воведување на лотарија како стимулативна мерка.
„Страшно е неодговорно за некого ако не е вакциниран, благо речено. Да не споменувам колку функционери тоа не го сториле. Утрово, му реков на еден министер да се вакцинира. Изговорите дека некој ја прележал короната и не треба да се вакцинира не значат ништо, тие не се точни“, изјави Вучиќ.
Македонците на масовна ревакцинација во Србија
На прашањето дали, следејќи го примерот на некои европски земји, ќе биде потребен доказ за вакцинација за влез во театрите, киносалите, тој рече дека сите граѓани се еднакви пред Уставот и дека тој не може да го крши.
Според него, вакцинацијата е слаба во Тутин, Нови Пазар, Уб, Лајковац и додавајќи дека е очигледно дека „во тоа нема ништо национално ориентирано“.
„Чудни луѓе, или не завршивме добра работа, ќе биде дека тие се добри луѓе, а ние не работевме добро. Не знам што да правиме, сега ќе воведеме лотарија и повторно ќе издвоиме пари, да платиме за луѓето да се вакцинираат“, потенцира Вучиќ.