Во Чешка благ пораст на бројот на заразени со ковид-19
Бројките на новозаразени со ковид-19 во Чешка повторно почнаа да растат. Здравствените власти се загрижени и размислуваат да воведат некои ограничувања. Во изминативе 24 часа се евидентирани 227 нови случаи со што вкупните кумулативни случаи во земјата достигнаа скоро 1,7 милиони. Вкупниот број на починати од комплилкации од вирусот изнесува 30.335.
Според последните податоци од министерството за здравство досега во Чешка се аплицирани 9 милион и дози на вакцини против ковид-19. За оние граѓани кои што се пријавиле за вакцина но не се појавиле на закажаниот термин на вакцинален пункт тоа ќе може да го сторат во интервал од 21 ден наместо сегашните 34, помеѓу првата и втората доза на вакцината од 15 јули, објави владата.
Во диско и на бузуки во Грција само со вакцина
Ајфеловата кула отворена по девет месеци
Засега повеќето ограничувања се укинати, дозволено им е да отворат сите продавници како и базените, сауните и казината се отворени, а бројот на учесници дозволени на културни и спортски настани исто така е зголемен. Хотелите и хостелите повторно се отворија за туристи, а гостите треба да презентираат негативен PCR или тест за антиген не постар од 48 часа, потврда за вакцинација или доказ за закрепнување од вирусот во претходните 180 дена. Гостин со негативен тест ќе може да остане седум дена, додека за подолг престој тестот ќе треба да се повтори.