Семејното насилство во магичен круг
Само два проценти од жените во Македонија кои претрпеле насилство од сегашниот партнер го пријавиле во полиција. Многу често жртвите тешко излегуваат од тој магичен круг на насилство – пријавуваат, го напуштаат насилниот партнер, но потоа се враќаат, па извесно време сè е во ред, па потоа насилството повторно почнува. Недовербата во институциите, но и стравот од сиромаштија се главни причини зошто насилството ретко излегува од дома.