Вучиќ им се заблагодари на САД за поддршката на обединувањето на земјите од регионот
Претседателот на Србија Александар Вучиќ им се заблагодари на САД за поддршката на „обединувањето на земјите во регионот и економската интеграција“. Во вчерашниот разговор со американскиот амбасадор Ентони Годфри, Вучиќ оцени дека српско-американските односи се во пораст, а обединувањето на земјите во регионот значи напредок на Србија и на сите во регионот.
Подготвени ли се државите за отворен Балкан од 2023 година?
„Србија, со американска поддршка, може многу да промени во својата иднина, и пред сѐ да обезбедиме подобар животен стандард за граѓаните на Србија“, напиша Вучиќ на Инстаграм по средбата со Годфри.