Битолчани од следната година не мора да одат на зрачење во Скопје
Месецов во Битола треба да се стави во функција таканаречената гама камера. До крајот на годината треба да проработи и акцелераторот за зрачна терапија за болните од рак. За овие услуги досега луѓето од југоистокот одеа во Скопје.