Едно лице загина во пожар кај Сен Тропе
В шумски пожар кој ja опустоши заднината на популарното летувалиште Сен Тропе на Азурниот Брег загина едно лице, соопштија денска локалните власти.
Ова е прва жртва во најголемиот пожар во Франција ова лето.
Пекол на Земјата: шумски пожари од Југоисточна Европа до Сибир
Повеќе од 1200 пожарникари се вклучени во гаснењето на пожарот.
Во ек на туристичката сезона, пожарот изби на автопатот недалеку од одморалиштето, а пожарот зафати повеќе од 5000 хектари.
Силниот сезонски ветар од Средоземното Море го разгорува огнот.
Невообичаено високите температури и силниот ветер предизвикаа огромни пожари – од јужна и југоисточна Европа до Русија.