Заев - Не се размислува за одложување на пописот
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не се размислува да се одложи стартот на Пописот на населението, домаќинствата и становите.
„Пописот е веќе договорен по барање на сериозен учесник во нашето општество, тоа е најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Толеранцијата е доблест на владејачките партии, на чело со СДСМ тоа го прифатија и го одложивме пописот што ќе се спроведе од 5 септември до 30 септември“, изјави Заев по означувањето на почетокот на јужнокорејската инвестиција во ТИРЗ Скопје 2.
Собранието ќе го одложува пописот, попишувачите не излегоа на терен
Тој апелираше до граѓаните да се пријават за попишувачи зашто приходите се од 25 до 45 илјади денари за 25 дена работа.
Пописот беше закажан за април годинава, но беше одложен поради пандемијата на коронавирус. Се уште недостигаат доволен број попишувачи за спроведување на пописот наредниот месец.