Киргистанскиот контроверзен закон за „лажни информации“ ќе стапи на сила
Киргистанскиот претседател Садир Јапаров денеска го потпиша контроверзниот предлог -закон за „лажни информации“. Тој закон многу домашни и меѓународни групи остро го критикуваа затоа што според нив законодавството може да се искористи за да се потисне слободата на печатот во централноазиската држава. Пратениците го изгласаа овој закон кон крајот на јули.
Организациите за граѓански права и медиумските групи во поранешната советска република соопштија дека законот се коси со Уставот во Киргистан и дека со него се кршат човековите права и слободата на говорот.
Авторката на нацрт -законот, пратеничката Гулшат Асилбаева, изјави дека целта на законот е борба против широката употреба на лажни профили на социјалните медиуми и таканаречените „фарми за тролови“ кои пласираат дезинформации насочени кон дискредитација на политичките актери во Киргистан.
Со законот се предвидува создавање на владино тело кое ќе се занимава со надзор и ќе „реагира на жалби“ во врска со содржината на објавите на Интернет во рок од два дена. Сајтовите каде што е објавена содржината ќе бидат обврзани да ги следат сите упатства добиени од владиното тело во рок од 24 часа.
Според нацрт -законот, интернет -провајдерите мора да ги регистрираат своите клиенти во унифициран систем за идентификација и да им обезбедат на владините службеници целосни информации поврзани со корисниците доколку судот или државниот орган ги побара таквите податоци.
Предлог -законот, исто така, предвидува дека сопствениците на веб -страници и сметки на социјалните мрежи мора да имаат лични податоци и електронски адреси за е -пошта отворени и достапни за секого, додека анонимни корисници на Интернет ќе бидат лоцирани а нивните профили избришани.
Најголеми погранични судири меѓу Киргистан и Таџикистан во изминатите 30 години
Законот што денеска го потпиша претседателот на Киргистан е ревидирана верзија на претходниот нацрт-закон, пред една година беше вратен во Собранието на доработка од тогашниот претседател Соронбаи Јенбеков поради масовни протести. Претходно киргистанскиот претседател, Јенбеков, поднесе оставка по масовните протести против официјалните резултати на парламентарните избори, кои им ја дадоа победата на партиите поврзани со него и неговата влада. Тој рече дека не сака да биде запаметен како крвавиот претседател кој пукал на својот народ.
Премиерот на Киргистан Јанапов - Целата моќ е во мои раце
Јапаров по победата на изборите во јануари и иницираше многу законски измени за кои вели дека се потребни за да се создаде силна власт што ќе „воспостави ред“.