Претседателот на Филипини сега ќе се кандидира за потпретседател
Филипинскиот претседател Родриго Дутерте ќе биде кандидат за потпретседател на изборите кои треба да се одржат наредната година, соопшти денеска неговата партија по повеќемесечните шпекулации за неговата можна кандидатура.
Дутерте, кој е претседател на Филипини од 2016 година, претходно навести дека можеби би се кандидирал за друг мандат, дури и ако Уставот го забранува тоа.
„Претседателот Родриго Дутерте се согласи да се жртвува, го слушна негодувањата на населението, така што ќе се кандидира за потпретседател во 2022 година со поддршка на партијата ПДП-Лабан“, се наведува во партиското соопштение.
Се очекува партијата да го поддржи сенаторот Кристофер Лоренс, кој е десна рака на Дутерте, како претседателски кандидат.