ДИК: Осумнаесет независни кандидати за градоначалник собрале потписи
Заклучно со 28 август, во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија потребните потписи за учество на локалните избори ги собрале 18 кандидати за градоначалници, а за уште 15 кандидати продолжува процедурата.
Како што соопшти ДИК, во истиот период во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК потребните потписите ги собрале 38 независни групи избирачи, а за 26 продолжува процедурата.
Подрачните одделенија и канцеларии на ДИК денеска ќе работат до 21 часот, а утре до 24 часот, кога и истекува законскиот рок за собирање потписи.
Со апарати за отпечаток на прст за поголема сигурност на изборите
Исто така ДИК информира дека вкупно 7909 лица се провериле во избирачкиот список, заклучно со вчерашниот ден.
Поднесени се вкупно 17 барања за запишување во избирачкиот список, 12 барања за бришење на податоците од избирачкиот список и осум барања за измена на податоците во избирачкиот список. Постапката за јавен увид во Избирачкиот список за локалните избори закажани за 17 октомври ќе трае до 9 септември.