Во Косово пристигна првата група евакуирани Авганистанци
Првата група од околу 100 бегалци од Авганистан вечерва пристигна во Косово откако беа евакуирани од нивната земја, каде што талибанците ја презедоа контролата. Тие беа префрлени во Косово од американските воздухопловни сили.
Косовската влада соопшти дека привремено ќе биде домаќин на околу 2.000 Авганистанци кои работеле со силите на САД и НАТО или други меѓународни организации.
Досега евакуирани 111 000 граѓани од Авганистан
Во Албанија пристигнаа уште две групи Авганистанци
Во Хрватска пристигнаа 19 евакуирани Авганистанци
Косово веќе одобри привремена заштита за Авганистанците кои беа ангажирани од силите на САД и НАТО, како и за членовите на нивните семејства. Во согласност со косовскиот закон, ќе им се обезбеди привремен престој до две години.
Неколку групи од околу 500 Авганистанци, кои полетаа од Кабул, исто така пристигнаа во Албанија пред два дена. Албанија соопшти дека е подготвена да прими 4.000 бегалци. Македонија, исто така, изрази подготвеност да прими околу 750 авганистански бегалци.
САД и другите земји ги завршуваат напорите за евакуација на авганистанските државјани од аеродромот во Кабул, бидејќи 31 август е одреден како краен рок во договор со Талибанците.