Досега ревакцинирани над 531 илјада граѓани
На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 722.578 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Прва доза вакцина во саботата и вчера примиле 9.240 граѓани, а вкупно се вакцинирале 18.292 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.253.612 дози вакцини, а ревакцинирани се 531.033 граѓани.
Со последните бројки 52 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 28 проценти од населението од 18 до 39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.
Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата, велат од Министерството.
МЗ: Починатиот 24 годишник од Ресен со масивна бронхопневмонија се испишал од болница
Од 16 август на сила се рестриктивни мерки за невакцинираните кои не може да влезат во угостителски објекти и на спортски, културни или забавни настани без сертификат за вакцинација.