Учениците се враќаат на настава во клупите, почнува новата учебна година
![Учениците се враќаат на настава во клупите, почнува новата учебна година](https://gdb.rferl.org/63ee573b-098d-4913-a7ed-d1531ad0a584_w800_h450.jpg)
Учебната 2021/2022 година денеска почнува со отворени училишта за основците и средношколците. Настава со физичко присуство со полн капацитет и примена на соодветни антиковид-протоколи препорача Главниот кризен штаб на 16 август, а одлуката наредниот ден ја донесе Владата на седница. Поради високиот број заразени со коронавирус во Тетово и Гостивар, Комиисјата за заштита од заразни болести, на барање на Општина Тетово, одлучи само средните училишта во овие градови да организираат онлајн-настава во првите две недели од септември. Владата ги усвои Планот за одржување на наставата и протоколите за постапување на основните и средните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство.
Прво дезинфекција и мерење температура, па со маска на час
Ослободени може да бидат ученици со ретки болести или попречености, деца од семејства со хронични болести, по барање од родителите, како и од други немедицински причини со дозвола на училиштето.
Едни родители најавија бојкот поради дигитализацијата, а други бараат онлајн настава
Доколку се влоши епидемиолошката состојба и се зголеми ризикот од ширење на заразата, ќе се премине на друг модел на настава односно ќе се примени некое од двете резервни сценарија – второто е комбинирана настава со наизменично ротирање на две групи ученици – онлајн и со физичко присуство, и третото сценарио е модел на настава како минатата учебна година – едни ученици да бидат во училиштата, а други постојано да следат настава на далечина. За евентуална промена на моделот на наставата ќе одлучи Комисијата за заштита од заразни болести и МОН ќе постапи по нејзините инструкции.