Иселеници донираат за ковид центарот во Дебар, пејачката Бебе Реџа дала 10 000 долари
Управата на болницата во Дебар информираше дека дебарските иселеници во Соединетите Американски Држави собираат донации за потребите на ковид центарот во тој град. Директорот на болницата Баки Алили за Радио Слободна Европа изјави дека за само четири дена пристигнати се донации во висина од 35 илјади долари . Меѓу донаторите е и познатата американската пејачка Бебе Реџа која е по потекло е од Дебар. Таа донирала 10 илјади долари и упатила апел за собирање на донации.
Директорот Алили рече и дека претставниците на здружението на дебарските иселеници во САД „Дибра“ го информирале дека наредните денови ќе продолжат донациите и се очекува да се соберат над сто илјади долари. Министертвото за здравство обезбедува потребни средства и кислород, а со собраните донации, според најавите од дебарската болница, ќе се обезбеди КТМ – копмјутер кој е многу потребен на населението во поширокиот дебарски регион.
Од Ковид19 почина 15 годишна девојка од тетовско
Алили епидемиолошката состојба со Ковид19 во Дебар ја оцени како мошне тешка и соопшти дека нема слободни места ниту во ковид центарот, ниту во другите одделениеја каде се лекуваат над 4о хоспитализирани пациенти.
,,Состојбата е аларматна и околу десет потешки случаи се пренесени во клиничкиот центар во Скопје,, вели директорот на дебарската болница Алили.