Гостиварец пукал кон соселани кои се враќале од погреб, еден ранет
Помлад жител на гостиварското село Ѓурѓевиште со пиштол пукал во група луѓе кои се враќале од погреб, при што едно лице е полесно рането. Инцидентот се случил вчера околу пладне, информира СВР Тетово. Полицијата трага по него и засега не се знаат мотивите кои го предизвикале инцидентот.
Две банди владеат со скопското подземје
Според полицискиот билтен 23 годишниот гостиварец од Ѓурѓевиште, од возило во движење пукал од пиштол повеќе пати кон луѓе кои се враќале од погреб. Со полесна телесна повреда се здобил 46 годишен маж жител на истото село, на кој му е укажана помош во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“.
Политичката битка за власт како криминалистичка серија
Полициксите екипи извршиле увид, а на местото на настанот се пронајдени и подигнати за вештачење две чаури и еден проектил. Според новинската агенција МИА неофицијално, на оружениот инцидент му претходеле нерасчистени односи помеѓу осомничениот за пукање и дел од луѓето кои биле во групата. Вооружениот напаѓач побегнал и по него трага полицијата.