Почина францускиот актер Жан-Пол Белмондо
Францускиот актер Жан-Пол Белмондо почина, објави новинската агенција Франс прес, повикувајќи се на адвокатот на актерот. Тој имаше 88 години.
Белмондо се прослави во 50-тите години од минатиот век како дел од францускиот кинематографски „Нов бран“ со филмови како „Без здив“ на Жан-Лук Годар.
Во 60-тите тој се префрли на мејнстрим филмовите, станувајќи еден од водечките актери во француските комедии и во акциските филмови. Неговата кариера траеше над пет децении.
Харизматичниот актер се појави во над 80 филмови, меѓу кои и Без здив од 1960 и Човекот од Рио од 1964 година.