Во Бугарија почнува електронски попис
![Во Бугарија почнува електронски попис](https://gdb.rferl.org/B33F7AA0-93A3-43AF-B70C-FC264293FF04_w800_h450.jpg)
Од денеска почнува електронскиот попис во Бугарија, а од 18 септември до 3 октомври пописот ќе се спроведува на терен. Оние што ќе одбијат да учествуваат во пописот ќе бидат казнети со 160 лева (80 евра). Националниот институт за статистика на Бугарија повикува што е можно повеќе луѓе да се пребројат по електронски пат поради проблемот со недостиг на попишувачи особено во големите градови и населби. Пописот ќе има прашања во врска со домот, енергетска ефикасност, за предмети во домаќинството, за образование, за етничка припадност.
БСП го враќа мандатот за состав на бугарска влада
За попишувачите се обезбедени заштитни маски, шлемови и средства за дезинфекција. Националниот институт за статистика на Бугарија прогнозира дека по завршувањето на пописот се очекува населението во земјата да изнесува околу 6.820.000 луѓе. На последниот попис во 2011 година Бугарија имаше 7.364.570 граѓани. Поради пандемијата на ковид-19, Бугарија еднаш го одложи пописот, кој требаше да се спроведе од 22 јануари до 15 февруари годинава.