Нови 682 заразени со ковид19, починале 32 лица
Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, информира дека во последните 24 часа се направени 6425 тестирањe, а регистрирани се 682 нови случаи на ковид-19.
Во Скопје има 317 случаи, Куманово – 51, Тетово – 49, Битола – 31, Кичево – 30, Кавадарци – 22, Гостивар – 19, Струмица – 18, Ресен – 15, Прилеп – 13, Охрид и Струга – по 11, Делчево -10, Пробиштип и Валандово – по 8, Радовиш, Крива Паланка и Кратово – по 7, Штип и Дебар – по 6, Велес, Неготино, Свети Николе и Берово – по 5, Кочани и Гевгелија – по 4, Виница и Демир Хисар – по 2, Богданци, Пехчево, Македонска Каменица и Дојран – по 1.
МОН - 0,02 % наставници и ученици се заразени од Ковид 19
Зошто Македонија е во топ пет земји по смртност од ковид?
Регистрирани сe 1031 оздравени пациенти, а пријавени се 32 починати лица во изминатотот деноноќие. Од пријавените 28 се починати во болнички услови и 4 се починати во домашни услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 180.919, бројката на оздравени пациенти е 160 396, на починати е 6129, а бројот на активни случаи изнесува 14 394.