ЕУ одобри 14, 2 милијарди евра за државите од процесот на проширување
Земјите-членки на Европската унија (ЕУ) дадоа зелено светло за околу 14,2 милијарди евра претпристапна финансиска помош за периодот 2021-2027 година во корист на земјите кои се во процес на проширување, а кој ги вклучува и земјите од регионот.
Во соопштението се вели дека поддршката ќе им помогне на корисниците да ги спроведат реформите со цел идно членство во Унијата. Земјите што ќе бидат корисници на овие средства се Албанија, Босна и Херцеговина, Исланд, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција.
Сепак, финансиската помош, се наведува, нема да биде безусловна. Според соопштението издадено од седиштето на ЕУ, помошта ќе варира во обем и интензитет според перформансите на корисниците.
„Посебно внимание ќе се посвети на напорите направени во основните реформски области (владеење на правото и основни права, демократски институции и реформи во јавната администрација, како и економски развој и конкурентност)“, се вели во соопштението.
Заев- Можно е решение по формирање на нова влада во Бугарија до крајот на годинава
ЕУ се согласи на 14,16 милијарди евра за да им помогне на кандидатите за влез во Унијата
Во исто време, се нагласува дека принципот на фер учество ќе се применува за да се осигура дека обемот и интензитетот на финансирањето ги зема предвид не само перформансите на корисниците, туку и нивните потреби и капацитети за да избегнат несразмерно ниско ниво на помош во споредба со други корисници.
Исто така, се предвидува обемот и интензитетот на помошта да се модулираат во случај на значителна регресија или постојан недостаток на напредок на корисниците во основните реформски области.
„Во такви случаи, ресурсите би можеле да се намалат и пренасочат пропорционално без да се загрози поддршката за подобрување на основните права, демократијата и владеењето на правото, вклучително и поддршката за граѓанското општество“, се вели во одлуката на ЕУ.
Корисниците ќе бидат поддржани во спроведувањето на неопходните политички, институционални, правни, административни, социјални и економски реформи за да се усогласат со вредностите на Унијата и постепено да се прилагодат на правилата, стандардите, политиките и практиките на Унијата.