Хакерски напад на онлајн системот за попис во Бугарија
Хакерски напад го ограничи пристапот до системот за онлајн пописот во Бугарија. Нападот се случи на првиот ден од пописот, кој треба да трае до 3 октомври. Претседателот на Националниот институт за статистика(НСИ) Сергеј Цветарски рече дека хакерите се веќе идентификувани и дека се блокирани адресите од кои се напаѓале серверите. Тој ги отфрли обвинувањата дека имало протекување на податоци и рече дека биле преземени сите мерки за заштита.
БСП го враќа мандатот за состав на бугарска влада
Во Бугарија на полноќ стартуваше онлајн пописот. Ова е 18-от национален попис во Бугарија.
„Учеството на пописот е задолжително со закон, но многу поважно е дека максимално искрена и точна информација, која луѓето ќе ја дадат во пописните картички ќе ни овозможат да направиме добра слика за Бугарија“, рече Цветарски.
За неколку минути, хакерскиот напад на пописот беше надминат, објави НСИ. Системот за броење има четири нивоа на заштита, а хакерскиот напад се одрази на првото ниво, соопшти НСИ.
Во Бугарија почнува електронски попис
Секој што живее во Бугарија ќе може да се попише себеси и своите семејства со онлајн пополнување на картичката за попис. Од 18 септември до 3 октомври попишувачите ќе ги посетат домовите и ќе ги попишат само оние што не го направиле тоа преку Интернет.