Наташа Сарџоска: Не само што глумиме слобода, глумиме и живот
Роман за празнината. Длабока критика кон општеството, но истовремено и крик за пронаоѓање на смислата на постоењето. Ова ќе биде забележано за првиот роман „Трамонтана“ на Наташа Сарџоска што како издание на ТРИ се појави деновиве.