Борел го поздрави договорот меѓу Србија и Косово
Шефот за заедничка надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел го поздрави договорот за регистарските таблички постигнат меѓу Косово и Србија со посредство на европскиот специјален претставник Мирослав Лајчак во Брисел. Борел на Твитер напиша дека Косово и Србија треба конструктивно да се вклучат во дијалогот за да постигнат брз напредок во нормализирањето на меѓусебните односи.
Лајчак: Постигнат е договор меѓу Белград и Приштина
Американскиот заменик помошниот државен секретар задолжен за Западниот Балкан, Габриел Ескобар исто така беше во Брисел каде што вчера имаше одделни средби со претставници на ЕУ, Србија и Косово. Тој за новинарите изјави дека „приоритет е деескалација на ситуацијата на северот [на Косово], бидејќи тензиите се многу високи.