МЗ: Невакцинирани биле 85 отсто од починатите
Во изминативе речиси два месеца во земјава се евидентирани 35 531 позитивни на ковид-19. Од нив, 23 отсто односно 8233 лица биле целосно вакцинирани, соопшти Министерството за здравство, напомнувајќи дека за вакцинирани се сметаат лицата со две дози и кои поминале најмалку 14 дена од примање на втората доза вакцина.
Според податоците од министерството за здравство 27 298, граѓани, односно 77 проценти од позитивните не биле вакцинирани. Невакцинирани се 79 отсто кои во периодот од 6 ти август до 30 ти септември биле хоспитализирани, додека 21 процент од сите хоспитализирани пациенти во моментов се целосно вакцинирани. Анализата на министерството покажува дека смртноста кај невакцинираните е драстично поголема.
Кратово најзаразен град со ковид и со најниска вакцинација
Во период од 6 август до 30 септември 2021 на територија на државата починале 1162 лица со КОВИД-19, 987 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 15 отсто примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.
Ревакцинирани се 43,5 отсто од полнолетните граѓани
Во соопштението МЗ укажува на важноста од вакцинација и дека секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна.