Заврши пописот во Бугарија
Пописот во Бугарија заврши. Податоците од последниот ден се уште не се сумирани. До 9 октомври, 82 отсто од населението во земјата, што е 5 милиони и 657.000 луѓе, се преброени во Бугарија. Директорот на Националниот статистички институт на Бугарија Сергеј Цветарски изјави дека очекува од сабота и недела да бидат преброени повеќе луѓе. Тој додаде дека ова е низок процент, но оти оваа ситуација настанала од повеќе причини.
Комисија на бугарскиот парламент ќе ги истражува проблемите со електронскиот попис
Според Цветарски, вистинскиот број нанаселението во Бугарија треба да биде помал од 6 милиони и 916.000. Почетокот на кампањата беше пропратен со блокирање на електронскиот попис поради хакерски напади. Како резултат на тоа, Националниот статистички институт ја продолжи кампањата и отвори околу 40 центри за попис за да им помогне на луѓето. Првите податоци на Институтот за статистика на Бугарија ќе бидат објавени околу 25 декември.