Левица со провокација до премиерот Заев на одбележувањето на празникот во Прилеп
Активисти од политичката партија Левица денеска го попречуваа пристапот до споменикот „Могила на непобедените“ во Прилеп, каде се одбележуваше државниот празник 11 Октомври -Денот на народното востание.
Активистите на местото пристигнале пред почетокот на свеченоста, а државните делегации требаше да ги заобиколат на влезот за да положат цвеќе пред споменикот.
Кога се приближи делегацијата на премиерот Зоран Заев, како што можеше да се види од видео преносот, еден од припадниците на Левица му се обрати со зборовите дека не му е тука местото и „оди да слави во Бугарија, бидејќи ова не е ваша територија“. Премиерот Заев им порача да одат на психијатар, по што лицето од Левица возврати заедно да одат.
Пендаровски- Темелите на државава се илинденски и антифашистички
Заев положуваше цвеќе заедно со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Претседателот Стево Пендаровски одржа говор пред споменикот.