Расте евроскептицизмот во Романија
Повеќе од две третини од романските граѓани веруваат дека нивната земја треба да ги брани своите интереси доколку се во судир со правилата на ЕУ, дури и ако тоа би значело напуштање на Унијата, покажува неодамнешното истражување.
Истражувањето покажало дека расте рамнодушноста кон ЕУ кај Романците, пренесува бриселскиот портал Еурактив.
Според резултатите од истражувањето спроведено во март и јуни 2021 година, 64,2 проценти, односно 64,8 проценти од населението, сметале дека напуштањето на ЕУ е фер цена за одбрана на националните интереси. Тој процент се зголеми на 68,5 проценти во септември.
Романскиот претседател ги повика партиите на консултации за нова влада
Романскиот парламент ѝ изгласа недоверба на владата
Меѓу оние кои се за излегување од ЕУ, речиси 60 проценти рекле дека тоа ќе влијае на интересите на Романија, додека третина сметаат дека нема да влијае.
Меѓутоа, повеќето испитаници се уште веруваат дека Романија ќе постигне подобар економски развој во рамките на ЕУ, иако нивниот број е намален во последните три месеци од 62,9 проценти на 57,8 проценти.
Истражувањето, спроведено од Inscope Research и Verifide и нарачано од тинк-тенк групата „Strategic Tinking“, покажува пораст на незадоволството од ЕУ и националистичките ставови во периодот од март до септември.