Утре ќе се тестираат за ковид средношколци во Скопје
Утре ќе започне тестирање за ковид -19 на учениците во девет средни училишта во Скопје. Предвидено е утре да се тестираат 258 средношколци, а низ државата продолжува тестирањето во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа.
„Тестирањето на учениците ќе се спроведува во просторија одредена од страна на училиштето, а тестирањето ќе трае помалку од една минута. Истото е безболно и безбедно, со земање на брис од грло и од носна шуплина“, наведуваат од Министерството за здравство.
Калкулирање со ковид мерките поради изборите
Од таму велат дека целта на скринингот е рано детектирање и евентуално пронаоѓање на асимптоматски носители на вирусот ковид 19 меѓу учениците.
Со релевантните податоци ќе се добие целосна слика на трансмисија на вирусот во училиштата, во интерес на децата, се наведува во соопштението од Министерството.